Прилепско езеро

Прилепското Езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп . Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 год. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода. Тоа зафаќа површина од 0,54 km². Долго е 1,4 km, а широко 400 до 600 m. Најголема длабочина му е 28 m. Во езерото можат да се акумулираат 6.000.000 m 3 вода. Под езерото се наоѓа потопеното село Пештерица.